Меѓу уапсените лица од групата Грчец/Дуќанџиќ е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена.
Според првичните информации тој беше осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата.
Како што дознаваме, осомничениот е пуштен на слобода. Одземен му е само пасошот.
На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).