Македонија Преку македонската амбасада во Варшава

МНР: Се превземаат сите активности за транспорт на телото на Карадакоски во Македонија

Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Варшава стојат на располагање за комуникација и асистенција, и се во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Литванија.

МНР: Се превземаат сите активности за транспорт на телото на Карадакоски во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку македонската амбасада во Варшава, е во редовна комуникација со семејството на починатиот пациент Александар Карадакоски, како и со надлежните институции во Литванија.

-Од страна на Амбасадата се преземаат сите неопходни активности за завршување на конзуларните постапки и за организација на транспортот на телото на починатиот македонски државјанин назад во земјата, потврдуваат од МНР за Курир.

Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Варшава стојат на располагање за комуникација и асистенција, и се во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Литванија.

Од МНР додаваат дека кризниот штаб при Министерството е во редовна координација со сите надлежни институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни новини.

Најнови вести од Македонија

To top