Македонија Се понатаму е во рацете на обвинителството

Мизрахи: Испратив допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија за Онкокогија до ЈО

-Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината ТАКВА КАКВА ШТО Е.

Мизрахи: Испратив допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија за Онкокогија до ЈО

На ден 19.12.2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието. Бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото, вели Рашела Мизрахи, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината ТАКВА КАКВА ШТО Е.

Се понатаму е во рацете на обвинителството, пишува Мизрахи на Фејсбук.

To top