Македонија По пристигнувањето во Унгарија

Мицкоски: Повторното воспоставување линија Скопје-Будимпешта значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот

Мицкоски денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, каде како што е најавено, ќе има средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а потоа ќе има обраќање и на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија.

Мицкоски: Повторното воспоставување линија Скопје-Будимпешта значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот

Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот, објави премиерот Христијан Мицкоски по пристигнувањето во Будимпешта, каде, како што е најавено, ќе престојува во политичко-економска посета на Унгарија.

-Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди, објави Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, каде како што е најавено, ќе има средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а потоа ќе има обраќање и на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија.

Тема на разговор на денешната средба во Будимпешта, како што е најавено, ќе бидат унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво, Даниела Димовска.

Најнови вести од Македонија

To top