Македонија реализација на капитален проект од минатото

Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

Се бара финансирање за делот од Виница до Делчево и мислам дека успешно ќе се заврши и тој процес така што и тој процес тече така што сето она за коешто сме зборувале ќе го реализираме и работиме согласно приоритетите, изјави Мицкоски.

Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во општина Кочани.

-Доаѓаме за нови проекти во овој период од годината, за кои очекувам да додаде вредност во квалитетот на живот на жителите на општина Кочани. Овие проекти се дел од минатото за кои зборувавме исто како што е и оној капитален проект изградба на експресен пат којшто ќе ги поврзува Кочани со Виница, Делчево и граничен премин со Бугарија. Првата делница од Кочани до Виница, проектирањето е завршено, а ќе се изведува со сопствени средства. Се бара финансирање за делот од Виница до Делчево и мислам дека успешно ќе се заврши и тој процес така што и тој процес тече така што сето она за коешто сме зборувале ќе го реализираме и работиме согласно приоритетите, изјави Мицкоски.

„Градоначалникот го спомна оној доводен цевковод на геотермална вода, ние имавме пред околу недела дена состанок кај мене во Владата. Ги разговаравме приоритетите општествена одговорна компанија, јас не сум стигнал да го информирам и градоначалникот, излезе на терен направи дефектажа и таа иста општествено одговорна компанија ќе изврши санирање на тој цевковод така што некаде околу 8 или 9 места парчиња цевки треба да се пресечат и заварат нови за да се санира, исто како и отплатата за изолација термичка така што тие се нафатија како општествено одговорна компанија тоа да го направат без да биде наплатено ниту денар, еве ова е уште една добра вест бидејќи не успеавме да се видиме пред овој настан со градоначалникот да информирам.

Така што мислам дека сето она за коешто зборувавме изминатава година, но и претходно ќе го реализираме и е веќе ставено на шини за реализација. Се разбира кога и да доаѓам тука во Кочани не можам да не се сетам на оној 16 март минатата година и претпоставувам тоа така ќе биде до крајот на мојот живот, но секогаш се радувам кога можам да дојдам за убави работи овде во Кочани и да отпочнеме нешто ново коешто ќе даде дополнителна енергија на градот, но и на општините коишто гравитираат во овој дел на Македонија, не смееме исто така да ја заборавиме и Општина Чешиново-Облешево и останатите општини, Виница, Штип, Карбинци, Пробиштип.

Така што еве на крај да се заблагодарам на градоначалникот, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на пратениците, на сите жители на Општина Кочани коишто даваат поддршка на реализирање на вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме да даваме приоритет на Кочани и на општините за коишто зборувавме бидејќи не можеме да го повратиме она што е загубено, но барем да обидеме дел од таа енергија да ја повратиме за да можат луѓето се вклучат во нормалните текови на живот“, изјави Мицкоски при посетата на Кочани.

Најнови вести од Македонија

To top