Македонија без еден член повеќе месеци

Митрески и координаторите ќе се договараат за седница за избор на член на ДИК

Претседателските избори се закажани на 24 април, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Митрески и координаторите ќе се договараат за седница за избор на член на ДИК

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска ќе одржи редовна понеделничка координација со првите луѓе на пратеничките групи на која се очекува да биде договорено кога ќе се одржи пленарната седница за избор на седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК).

Абдуш Демири, кој е предлог на партиите од Европскиот блок за промени, е предлогот за член на ДИК. Демири минатата недела на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беше поддржан за член на Комисијата со 10 гласа „за“, еден „воздржан“ и еден „против“.

Вториот кандидат, кој се повлече, беше Зуљфи Адили бидејќи Владата на предлог на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го именува за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

За изборот на членови на ДИК е потребно двотретинско мнозинство. ДИК е без еден член повеќе месеци откако Кренар Лога стана министер за правда.

По распишувањето на претседателските и парламентарните избори на 14 февруари, ДИК ги започна изборните дејствија со усвојување на роковниците.

Од 14 февруари започна да тече рокот за пријавување на нашите државјани за гласање преку апликацијата https://dijaspora.sec.mk/, како и во нашите Дипломатско-конзуларни претставништва и конзулати во странство. Пријавувањето се врши со пополнување на две барања и за претседателските и за парламентарните избори. За да се одржи гласање во дијаспората потребно е да се соберат вкупно 5.300 барања.

На 23 февруари започнува и собирањето потписи за претседателски кандидати и за подносители на листи на изборите, а на 28 февруари увидот во Избирачкиот список.

Претседателските избори се закажани на 24 април, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Најнови вести од Македонија

To top