Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Внимание, владата честиташе Нова Година, нема радиодифузна, но има поскапа струја за 400 денари на секоја сметка

Со секој поминат ден со оваа власт се потврдува дека Никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме – посочи таа.

Митева: Внимание, владата честиташе Нова Година, нема радиодифузна, но има поскапа струја за 400 денари на секоја сметка

Ве молам за внимание. Владата ни честиташе Нова Година. Нема радиодифузна, но има поскапа струја. Од први јануари најголем број од домаќинствата низ Македонија ќе плаќаат и за 400 денари поскапа струја, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со покачувањето во третиот блок сметките ќе пораснат за 120 денари во просек. Дополнително со таканаречената мрежарина која ја измислија сметките ќе пораснат за 250 денари.

Со ова покачување власта удри по најранливите. Студентите и младите брачни парови кои живеат под крија, земјоделците и пензионерите кои имаат имот во град и по некоја трошна куќа на село.

Во услови кога 600.000 наши сограѓани живеат во сиромаштија да се покачи струја и до 400 денари е рамно на државен рекет и изживување со народот.

Власта се трудела да опфати што поголема бројка на граѓани, за што повеќе да го полни буџетот од најсиромашните. Истите оние на кои потоа им праќа сметки со порака дека струјата ја субвенционира.

Лага е дека струјата е субвенционирана. Од 2017 година од кога власта се фалеше дека ја укинала радиодифузната до денес струјата е покачена за над 50%. И ова е работа за која лагите на власта се без нозе, бидејќи секој граѓанин кога ќе ја погледне сметката за струја денес и таа пред 7 години знае што е вистина.

Со секој поминат ден со оваа власт се потврдува дека Никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме“ – посочи таа.

Најнови вести од Македонија

To top