Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево ќе ги посети припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата.
Покрај министерот, ќе присуствуваат и заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили, заменик началникот на Армијата генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
За време на посетата ќе биде извршен увид во градежните зафати кои се извршуваат во касарната.