Македонија Општина Гази Баба

Мисајловски: Претседателските избори се првиот чекор за пад на оваа власт

„Македонија повторно твоја, промените во твои раце“ – напиша Мисајловски.

Мисајловски: Претседателските избори се првиот чекор за пад на оваа власт

Убава и пријатна средба со граѓаните на Колонија во Општина Гази Баба, заедно со градоначалникот Бобан Стефковски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител во ИЕ2.

-Овде живее чесен и искрен народ, народ кој сака да живее во држава која ја водат чесни и искрени политичари, а не политичари кои служат само за распродажба и крадење на Македонија. Претседателските избори се првиот чекор за пад на оваа власт и промените кои сите ние заедно сплотени ќе ги направиме, истакна тој.

Мисајловски порача дека време е за развој и промени.

„Македонија повторно твоја, промените во твои раце“ – напиша Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top