Македонија Истанбул

Мисајловски оствари средба со директорот на Асоцијацијата за одбранбена индустрија на Турција

-Одбранбена индустрија на Република Турција бележи значаен раст и напредок, а за нас значајно е да ја следиме динамиката на развој и да ја искористиме секоја можност за стратешко партнерство, порача Мисајловски.

Мисајловски оствари средба со директорот на Асоцијацијата за одбранбена индустрија на Турција

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски во Истанбул оствари средба со директорот на Асоцијацијата за одбранбена индустрија на Република Турција, Халук Ѓорѓун, на која разговараа за актуелните новитети и предизвици во одбранбениот сектор.

-Инвестирањето во безбедносните ресурси особено во одбранбената наменска индустрија може да биде дополнителен чекор за продлабочување и јакнење на нашата билатерална соработката. Одбранбена индустрија на Република Турција бележи значаен раст и напредок, а за нас значајно е да ја следиме динамиката на развој и да ја искористиме секоја можност за стратешко партнерство, порача Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top