Македонија Министерство за одбрана

Мисајловски на средба со синдикални претставници: Подобрување на условите за работа во МО и опремување на армиските припадници

Претставниците на синдикатите изразија благодарност за оваа прва средба и подготвеност активно да партиципираат во процесите кои ќе значат сериозно подобрување на системот за одбрана

Мисајловски на средба со синдикални претставници: Подобрување на условите за работа во МО и опремување на армиските припадници

Министерот Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари средба со претставниците на репрезентативниот и останатите синдикати во одбраната.

На самиот почеток од средбата министерот Мисајловски упати уверување до сите претставници дека оваа соработка ќе биде мошне значајна во периодот што претстои особено во поглед на опремување на припадниците на Армијата, но и за натамошно подобрување на условите во кои работат сите вработени во Министерството и Армијата.

Претставниците на синдикатите изразија благодарност за оваа прва средба и подготвеност активно да партиципираат во процесите кои ќе значат сериозно подобрување на системот за одбрана

Најнови вести од Македонија

To top