Македонија министерство за одбрана

Мисајловски на средба со генерал-потполковник Питер К. Скот: Македонската Армија продолжува со активен и видлив придонес во НАТО операциите

-Македонската Армија продолжува со активен и видлив придонес во НАТО операциите, преку учество во командни структури и мултинационални сили, како и преку ангажман во рамки на колективната безбедност на Алијансата, особено на источниот дел од НАТО, истакнува Мисајловски.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски оствари средба со заменик-командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, генерал-потполковник Питер К. Скот.

На средбата, објави министерот, изразил благодарност за континуираната поддршка од страна на JFS Naples за македонските контингенти ангажирани во НАТО-предводените мисии и операции.

-Македонската Армија продолжува со активен и видлив придонес во НАТО операциите, преку учество во командни структури и мултинационални сили, како и преку ангажман во рамки на колективната безбедност на Алијансата, особено на источниот дел од НАТО, истакнува Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top