Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со Карл Форд, директор за одбранбено планирање во Алијансата и лидер на тимот од НАТО кој е дел од редовните годишни билатерални одбранбени разговори помеѓу НАТО и Македонија.
-Продолжуваме да инвестираме во Армијата, да ја јакнеме нејзината борбена готовност и да ги исполнуваме НАТО-Целите на способности. Со силна Армија, придонесуваме и кон зацврстувањето на колективната безбедност на Алијансата, вели Мисајловски.

Во време на глобални геополитички предизвици заедништвото и сојузништвото е најдобриот начин да ја гарантираме безбедноста на регионот и евро-атлантската област, додава министерот.