Македонија „Заспиј ако можеш“

Мисајловски: Многу криминал има во МВР, ние не сме ги заборавиле скандалите – ни треба поддршка да се справиме со борбата

Мисајловски посочи дека на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент му треба поддршка од целата македонска јавност.

Мисајловски: Многу криминал има во МВР, ние не сме ги заборавиле скандалите – ни треба поддршка да се справиме со борбата

Многу криминал има ВО Министерството за внатрешни работи. Таму има перфектни луѓе, но има и многу луѓе што, за жал, споделуваат информации или бранат категории на криминал. На белосветски мафијаши пасоши им се делеа.

Ова го истакна пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во гостувањето на „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

-Кога стапи Спасовски на фукнција, од 2015-та година, прво што беше „пајакот“ се удри, па од таму стартуваа сите оние постапки. Имаше прислушкување на судии и обвинители… Сите овие работи кои се подзаборавени, јас сакам да ги охрабрам сите граѓани, дека ние не сме ги заборавиле. Многу пати не сме пуштале кривични пријави затоа што знаеме како ќе завршат. Јасно ни е, но мора да има одговорност за тоа. Ако нема одговорност, прво јас ќе бидам разочаран, а ние се бориме да покажеме нешто поразлично од ова до сега. Ваква ситуација во Македонија, со криминал и корупција, со непотизам, безредие и анархија, не постоело никогаш, рече тој.

Мисајловски посочи дека затоа на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент му треба поддршка од целата македонска јавност.

-Изборите се блиску, што поголем број на граѓани да излезат да гласаат, да ни дадат што поголема поддршка за ние да може да се справиме со борбата против криминалот и корупцијата. Ова е многу важно, верувајте дека со сите овие луѓе кои се  напикани во институции на сите можни позиции, од судство и обвинителство, полиција, каде и да се со луѓе директно на СДСМ и ДУИ, ќе биде многу тешко, рече Мисајловски.

 

Најнови вести од Македонија

To top