Македонија такво нешто не било понудено

Мисајловски: Македонски војници нема да има на украинска територија

Изјава на министерот Мисајловски за медиумите

Мисајловски: Македонски војници нема да има на украинска територија

Денес министерот за одбрана Владо Мисајловски, по брифингот со одбранбените атешеи, одговараше на новинарски прашања.

На прашањето дали Македонија ќе испраќа војници во Украина, тој децидно го отфрли прашањето.

– Директно не, не планираме воопшто да има наши војници во Украина. Ова многу пати сум го кажал, ние сме дел од едно големо семејство, ќе помагаме на било кој начин, но такво нешто не било понудено, изјави Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top