Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски и Муцунски на координативен состанок со поранешни и актуелни градоначалници, и партиски функционери во ИЕ1 и ИЕ2

Вчера вечер заедно со потпреседателите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски ,министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски ,Претседателката на унијата на жени Жаклина Пешевска, актуелниот градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски и Ирена Мишева оддржавме координативен состанок со поранешни и актуелни градоначалници,Претседатели на совети,Претседатели на ОК од ИЕ1 и ИЕ2, објави на социјалните мрежи поранешниот скопски Коце Трајановски.

Мисајловски и Муцунски на координативен состанок со поранешни и актуелни градоначалници, и партиски функционери во ИЕ1 и ИЕ2

Можам да констатирам дека ВМРО од ден во ден е се пообединето и дека сите поранешни и сегашни структури се ставени во функција за голема победа,за победа со најмалку 61 пратеник, Христијан Мицкоски премиер на идната влада на Република Македонија и Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова Претседател на државата.

Само сплотени и обединети можеме да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат!, пишува на Фејсбук Трајановски.

Најнови вести од Македонија

To top