Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше на потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Воената Академија и Министерството за спорт, од страна на деканот, полковник Митко Богдановски и министерот Борко Ристовски.
-Ја поздравувам и поддржувам идната соработка помеѓу Воената Академија и министерството која ќе придонесе за унапредување на спортот како клучен дел од образованието и обуката на питомците и идните офицери. Физичката подготвеност е еден од клучните сегменти во создавањето на офицери за потребите на Армијата, истакна тој.
Мисајловски порача дека токму затоа дава максимална поддршка на идната соработка со потпишување на Меморандум за соработка.