Македонија

Мисајловски: Алијансата ќе остане цврста сила и компактна, земји членки мора да се надградуваат и модернизираат

Алијансата ќе остане цврста сила и компактна, земји членки мора да се надградуваат и модернизираат, изјави вечерва во своето гостување во Дневникот на МРТВ министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Алијансата ќе остане цврста сила и компактна, земји членки мора да се надградуваат и модернизираат

Алијансата ќе остане цврста сила и компактна, земји членки мора да се надградуваат и модернизираат, изјави вечерва во своето гостување во Дневникот на МРТВ министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Алијансата ќе остане цврста сила и компактна, но она што е најважно сите земји членки мора да се надградуваат и да се модернизираат. Многу пати го кажувам тоа, бидејќи тоа е обврска на НАТО, поготово она што се случува на Блискиот Исток, она што се случува во Украина, едноставно секоја земја мора да собере дополнителни средства.Во овој момент имаме две сериозни жаришта после Втората светска војна. Апсолутно гледаме што се случува во Светот и посакувам овој мандат да биде, несамо во Америка, насекаде и во Македонија. Мандат на мир, каде што се повеќе и повеќе ќе владее мирот, рече Мисајловски.

Министерот Мисајловски меѓудругото рече дека Буџетот во Армијата ќе биде 2% и дека ќе се зголемува низ годините.

-Морам да потенцирам, а сум кажал и претходно, во ерата на Доналд Трамп, зборувам за првиот мандат, најмногу земји, поготово земји членки на Нато го кренаа својот буџет на два проценти и тоа навистина е за поздрав. Од тој момент почнува да се модернизира се повеќе и повеќе и насекаде зборам, поготово во земјите членки на НАТО, тоа се разбира е и наша стратешка цел и една од обврските што ги имаме преземено, односно нашиот буџет ќе биде над два проценти, ова било и претходно, но сега ќе се зголемува низ годините бидејќе тоа беше една од работите кои што ги бараше администрацијата на Трамп. Но навистина тоа е и потребно, иако сме мала земја мора континуирано да ги подобруваме нашите капацитети, појасни министерот Мисајловски.

To top