На својот Фејзбук профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антони Милошоски, објави фотографии од неговата посета на данскиот парламент заедно со неговиот колега Игор Здравковски.
– Денес ги претставивме позициите на Македонија во данскиот парламент во однос проширувањето на ЕУ – потребни се конкретни дела, предвидлив рок и стратешка визија, наместо билатерални блокади и декларативното повторување на старите фрази, напиша Милошоски.