Премиерот Христијан Мицкоски не ги коментира шпекулациите околу тоа каде се наоѓа Артан Груби, дали во Косово или Албанија. Каде и да е, тој со бегството покажа дека не е чист како солза, да беше така ќе беше пред лицето на правдата, посочи премиерот.
-Различни се информациите, не би шпекулирал дали е во Албаннија, или во Косово. Факт е дека не бил чист како солза. Ако е така, би застанал пред органите на правдата – рече Мицкоски.