Македонија

Мицкоски: Сите тимови се целосно мобилизирани и посветени на справување со пожарите

Мицкоски: Сите тимови се целосно мобилизирани и посветени на справување со пожарите

Во Владата вечерва се одржа состанок на Кризниот штаб за состојбата со пожарите.

-Упатуваме искрена благодарност до Армијата, Полицијата, припадниците и вработените во Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК, за нивната несебична ангажираност и надчовечки напори. Сите тимови се целосно мобилизирани и посветени на справување со ситуацијата. Ќе направиме сè што е во наша моќ оваа непогода да биде победена, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Заедно и одлучно, порача тој.

To top