Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато во општина Дојран.
-Ценам дека е добро што на лице место излеговме на самиот цевковод траса од хидросистемот Ѓавато, да лично се увериме и видиме што се случувало во рок од повеќе од две децении од откако е направен овој хидросистем и да можеме од личе место да направиме одредена дијагностика по која после ќе постапуваме, рече Мискоски.
Како што истакна и заменик министер во министерство за животна средина и просторно планирање Ане Лашковска детектирани се места каде што имаме пукнати цевки, каде цевките треба да ја донесав водата до базенот, каде после со други пумпи водате ќе биде однесена во Дојранското езеро.
-Се трошат ресурси за систем којшто три-четири години функционира вака со расипан цевковод, потенцира Мицкоски.
„Благодарение на општествено одговорна компанија, се пристапи кон санирање на овие дефекти, ќе биде во најскоро време санирано, јас очекувам во наредните неколку дена да бидат и санирани овие цевководи, со што ќе се зголеми огромен капацитет на вода којашто ќе доаѓа до резервоарот од каде со други пумпи потоа ќе биде пренасочена кон Дојранското Езеро.
Морам да споменам дека станува збор за 2 бунарски потопни пумпи, капацитетот како што гледате овдека е 10, другите 8 не работат. Овие 2 имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја иако вкупниот капацитет на хидросистемот е 1 кубик односно 1.000 литри во секунда.
Во периодот којшто следи планираме најмалку во најскоро време 4 да оспособиме, а потоа уште дополнителни 2 со што цениме дека ќе биде исцрпен целосно капацитетот за во најскоро време Дојранското Езеро да го добие оној изглед којшто заслужува да го добие, да го користат сите граѓани. Но, не и само граѓаните од овој цевковод во одредени периоди од годината со вода се снабдува Богданци, но и земјоделците еве гледате можеби поради недостаток на вода голем дел од полето останува необработено, тоа значи помалку произведена храна, повеќе увезена храна.

Сакаме системски да пристапиме кон сето ова и пристапуваме системски. Во насока на тоа системско пристапување, покрај овие бунари и санација на овие цевководи и пумпи и тие пумпи коишто се потисни коишто ја буткаат условно кажано водата кон Дојранското Езеро ќе бидат санирани.
На следната седница на Влада ќе донесеме одлука фабриката за опрема и делови, при склоп на РЕК Битола две да демонтира, да ги санира и потоа да ги монтира. Во комуникација со инженерите од РЕК Битола добив информација дека во рамките на 10 дена од демонтажа до монтажа и тие ќе бидат целосно санирани.
Исто така инженери дојдоа на лице место да го скенираат просторот ова е земјиште кое е сопственост на Република Македонија, и тука практично во догледно време ќе бидат инсталирани соларни панели, бидејќи сметките за електрична енергија се на ниво од 200.000 евра месечно, тоа значи 2.500.000 евра годишно.

Со инсталирање на тие сончеви панели и батериски системи, инсталираната моќност проценивме дека ќе биде околу 2 мегавати и 4 мегават часа батериски системи, сметките драматично ќе се намалат и заштедата ќе биде огромна и со средствата што ќе се заштедуваат ќе се користат за одржување на цевководот и за одржување на хидросистемот Ѓавато, а со тоа ќе се овозможи поголем достап на земјоделци до водата за наводнување на земјоделските површини.
Така што пристапуваме кон санирање на хидросистемот Ѓавато системски и тој во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален.
На вас медиумите Ви благодарам што и денеска, тука од лице место бевте со нас за да и вие се уверите за што станува збор и како системската негрижа со години наназад 3-4 години и покрај тоа што вработените од хидросистемот апелирале кон претходната Влада, не наоѓале на одговор од страна на надлежните“, потенцира Мицкоски.