Македонија Интервју на премиерот за Вечер.мк

Мицкоски: Овие закони што денес ги носиме се за да не гонат нас тие што некогаш ќе дојдат

Два клучни процеси ја донесоа неправдата во Македонија – прво, резиборот на судии во 1996 година за заштита на приватизацијата на компаниите со општествен капитал и се што следеше потоа, и вториот – бруталната измена на Кривичниот закон во 2023 година со која се амнестираа високите случаи на криминал и корупција на претходната влада и лица кои требаше да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство беше АНТИУСТАВЕН ИМПЛАНТ, што секој просечен правник во државата го знае. А политичка е одговорноста зошто се трошеа државни и народни пари за таков имплант. Домашната задача ќе биде завршена согласно барањата од ЕК, но да остане запишано, да не биде некажано, сакам да предупредам – кога ќе ги донесеме сите овие измени, тоа не значи дека по тие закони ќе ги гониме оние од владата на СДСМ и ДУИ, вели во интервју за Вечер.мк премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Овие закони што денес ги носиме се за да не гонат нас тие што некогаш ќе дојдат

Два клучни процеси ја донесоа неправдата во Македонија – прво, резиборот на судии во 1996 година за заштита на приватизацијата на компаниите со општествен капитал и се што следеше потоа, и вториот – бруталната измена на Кривичниот закон во 2023 година со која се амнестираа високите случаи на криминал и корупција на претходната влада и лица кои требаше да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ. Специјалното јавно обвинителство беше АНТИУСТАВЕН ИМПЛАНТ, што секој просечен правник во државата го знае. А политичка е одговорноста зошто се трошеа државни и народни пари за таков имплант. Домашната задача ќе биде завршена согласно барањата од ЕК, но да остане запишано, да не биде некажано, сакам да предупредам – кога ќе ги донесеме сите овие измени, тоа не значи дека по тие закони ќе ги гониме оние од владата на СДСМ и ДУИ, вели во интервју за Вечер.мк премиерот Христијан Мицкоски.

Се навршија година и пол од почетокот на вашиот премиерски мандат. Можете ли да кажете што, според вас, не очекувавте да се случи во овие година и пол, а се случи, и што очекувавте, но не се реализираше во меѓувреме?

– Ќе почнам од крајот на прашањето. Мислам дека немаше нешто што планиравме, очекувавме да го направиме, а не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме. Иако сега ова можеби ќе звучи малку претенциозно и некој што ќе го гледа интервјуто ќе рече „види го овој, претерува, воопшто не е скромен“, јас ова скромно го кажувам затоа што навистина направивме многу работи изминативе година и половина кои не планиравме да ги направиме, но поради итноста на состојбите носевме одлуки што мораше да решат работи и проблеми и тие работи мораше да ги направиме порано од тоа што очекувавме.

Така што од тој аспект јас ценам дека комплетно сите цели во овие година и половина што ги зацртавме се остварени и повеќе од тоа. Повторно ќе кажам, не затоа што таков беше планот, туку едноставно реалноста беше таква и некои од тие чекори и одлуки беа изнудени поради состојбата во која се наоѓавме во овие година и половина.

А од аспектот на изненадувања, ако ми верувате, и после година и половина јас сè уште имам непријатни изненадувања кои не сум ги очекувал. Секој ден излегува некое ново непријатно изненадување кое е последица, би рекол, во најголем дел од седумгодишното управување со владата на СДСМ и ДУИ, но исто така има и објективни, во помал број, изненадувања кои не сум ги очекувал.

Но најголемиот број непријатни изненадувања или работи кои не сум ги очекувал се навистина од тоа време.

И затоа во една прилика, помалку лут, иако во политиката емоциите не се дозволени, кажав дека ние сме имале работа со потпросечни политички медиокритети, алчни за власт и материјални добра и комплетно државотворно исплакнати, кои апсолутно ништо не ги интересирало, и во тој процес правеле многу грешки. За дел биле свесни и намерно ги правеле, за дел биле несвесни, но сепак ги правеле.

Така што навистина во овие година и половина можам да кажам, еве гордо, дека сите цели кои ги имавме како влада ги реализиравме и, поради изнудените чекори што мораше да ги правиме, направивме и многу работи кои не ги планиравме дека ќе ги завршиме во овие година и половина.

Да одиме со најважните теми за граѓаните: борбата против корупцијата, зголемувањето на платите и пензиите, подобро здравство, школство односно унапредување на образованието, инфраструктурните проекти, финансиската стабилност на државата и нашите евроинтеграции — шест теми по важност за граѓаните. Рековте дека за дел од работите сте изненадени, а дека поголем дел од работите што сте ги направиле се направени и пред рокот, но борбата против корупцијата — како сте задоволни од неа, во јавноста оценката за работата на правосудниот систем сè уште е два проценти, можеби и пониска од два проценти; дали борбата против корупцијата е една од темите за кои не сте задоволни во изминатите година и пол, со оглед дека нивното неработење може да ја чини владата и може да го чини и ВМРО-ДПМНЕ гласачи?

– Апсолутно да, и во право сте со констатацијата дека граѓаните немаат разбирање кога станува збор за борбата против криминалот и корупцијата. Со одговорот кој оваа влада можеби го дава во своите аргументирани позиции е дека обвинителите и судиите се наследство на претходната влада и логично е зошто луѓето така размислуваат, бидејќи сè уште постои оној стереотип дека владата, ако сака, може преку ноќ да ги промени судиите и обвинителите. Тој стереотип што има поткрепа во однесувањето на многу влади во минатото.

Ние свесни бевме за сето тоа и бевме свесни дека граѓаните можеби повеќе очекуваат визибилност во борбата против криминалот и корупцијата од страна на владата, затоа што ние сме само дел од таа борба, не сме сè, и тоа мора граѓаните да го знаат.

Ние можеме да отпочнеме истрага, да ја водиме и потоа да ја доставиме до обвинителството; обвинителството е втората страна која ја прифаќа истрагата и доказите и отпочнува судски процес или не, а судот е тој што го дозволува или не го дозволува почетокот на судскиот процес.

Ние како влада можеме да направиме истрага, да ги прибавиме сите докази и да доставиме до обвинителството, обвинителството цени и ако оцени дека има доволно докази за отпочнување судски процес доставува до судот, а потоа судот оценува дали навистина имаме случај или немаме, така што тоа е трослојно ниво на одговорност: истражните и владините органи, обвинителството и судовите.

Сè ова делува комплицирано, логично е да има еден заеднички именител, а тоа се стереотипите од минатото и оправданото негодување на граѓаните дека можеби недостасува доволно жесток интензитет во борбата против криминалот и корупцијата од страна на владата, иако владата е еден од трите степени на одлучување дали криминалот и корупцијата ќе бидат гонети или не.

Второ, многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се „размавне“ и да покаже што знае, и еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДСМ и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен обвинител. Ги охрабрувам сите кои согласно закон исполнуваат услови да се пријават и очекувам да биде избран најдобриот, кој навистина ќе биде дел од овој трослоен систем на гонење на криминалот и корупцијата.

И трета работа што е многу важна. Во минатото граѓаните беа сведоци на голем број полициски акции проследени во медиуми со многу естрада, галама и спектакуларни упади во домови и трговски објекти, а ние сакавме да бидеме антипод на таквиот начин на дејствување.

Целото интервју на премиерот Мицкоски прочитајтего ТУКА

Најнови вести од Македонија

To top