Македонија Македонски Брод

Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не, Силјановска Давкова е вистинскиот избор

Мицкоски се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски каде укажа дека Пендаровски е патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети.

Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не, Силјановска Давкова е вистинскиот избор

„Секогаш кога во Македонија имаме влада на СДС македонскиот народ, граѓаните на Македонија и самата Македонија губат, се удира директно врз македонскиот идентитет. Секогаш кога имаме влада на СДС секогаш имаме по нешто коешто идентитетски губиме“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешното негово обраќање во Македонски Брод во рамките на претседателска кампања.

Мицкоски во текот на своето обраќање потенцираше дека на овие избори се бира за и против Македонија односно дека на овие избори се бира дали ја сакаме Македонија и ја бираме професорката Гордана Силјановска Давкова.

-СДС се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние според нив сме биле против ЕУ и тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ, рече тој.

Мицкоски се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски каде укажа дека Пендаровски е патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети.

-Стево Пендаровски кој што е патрон и главниот измеќар на политиките водени од неколкумина кои што се дел од раководството на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети. Главен измеќар и подизведувач на политиките на ДУИ е Стево Пендаровски. А кои се политиките на ДУИ, а тие се опишани со три збора „Како до сега“, потсети Мицкоски.

Мицкоски во врска со Пендаровски посочи две главни работи кои не треба да се заборават.

-Две работи кои се значајни и не треба да се заборават за Стево Пендаровски, тоа се, првата и најзначајна а тоа е дека според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 Април да почне со пакувањето на куферите и на 8ми Мај да се исели, порача Мицкоски.

На крај Мицкоски порача: „Ова се избори на кои треба да одлучиме дали ќе постои Македонија онаква и во оваа форма во која што ја знаеме или нема да постои. Ова сериозно го мислам и го знам врз основа на информациите со кои располагам“.

Најнови вести од Македонија

To top