Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски оствари средба со Џејмс Обрајен, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД, сооштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-На средбата соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија. Воедно Мицкоски истакна дека стратешки интерес на Македонија освен членството во Европската Унија е и заштита на националните и идентитетски обележја на македонскиот народ и Македонија. Од страна на Мицкоски беше афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните, и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата, се вели во соопштението испратено до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ.
Соговорниците се осврнаа на повеќе прашања од регионално значење како и идните политики во однос на тие теми и области, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.