Утре, 04.09.2024 година (среда) во 09:30 часот, Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува во ТИРЗ Скопје на одбележување на почетокот на градбата на новата инвестиција на германската компанија BMZ Group.
Компанијата се занимава со изградба на литум јонски батерии и ќе инвестира околу 65 милиони евра.
По настанот, Претседателот на Владата Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
Во 11:00 часот ќе се одржи состанок на Совет за странски инвестиции, во Владата.