Оттука, додадава претседателот Мицкоски, ценам дека тоа претставува најголемиот проблем со кој што не може нашата Македонија да се развива онака како што би требало да се развива.
-Мораме тука да бидеме искрени и отворени, да ги погледнеме работите онакви какви што се. Често пати во јавноста имаме дебата за тоа какви реформи се потребни. Една реформа треба да се аплицира, а тоа е политичката реформа, политичката волја, да се стави крај на криминалот и корупцијата. Политичарите да бидат политичари во коалиција со народот, а не во коалиција со криминални или полу-криминални структури, без разлика дали се од подземјето или е бизнис-економскиот криминал, кажа Мицкоски.
Според Мицкоски „политичарите треба да бидат имуни на ваков тип на контакти и врски и треба да се посветат да истите тие луѓе кои што одлучиле да се занимаваат со криминал да бидат дел од резултанта борба која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би ја водела, односно да се спречи било каков контакт со било какви криминални структури“.
-Да ја сумирам долгата приказна накратко: ценам дека мој личен интерес, но и интерес на државата, малку поголем од интересот на било кои други стратешки партнери и странски администрации, е да расчистиме еднаш засекогаш со криминалот и корумпираните политичари во Македонија, рече Мицкоски.