Гордана Силјановска Давкова треба да биде претседател за да ги врати достоинството и почитта и дека таа нема лидерство доаѓа од устата на човекот кој нема изборен легитимитет, кој што е поставен, како што е Ковачевски и тој зборува за лидерство малку е чудно, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот дуелот за Македонија во Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5.
Мицкоски укажа дека тоа им е чудно на многумина во јавноста.
„Претпоставувам и гледачите се чудат кога се напаѓа професор кој е избра за еден од најинспиративните професори на Правниот факултет Јустинијана Прима. Претпоставувам имате луѓе советници кои завршиле таму факултет и ќе ви кажат“, вели Мицкоски.
Во однос на потписите собрани од граѓаните за Силјановска, Мицкоски вели дека тоа може многу лесно да се провери.
„Мнозинството во ДИК го има СДСМ и ДУИ зошто ја замајуваат јавноста и можат да ги отворат тие 28 илјади потписи и да видат дали има повеќе иле не. ВМРО-ДПМНЕ направи синергија помеѓу народот главниот суверен и вториот пратениците кога ја кандидираше“, кажа Мицкоски.