Македонија решенија и нова иднина

Мицкоски: Има огромна количина на црнила, скандали и афери поради што луѓето се селат и губат мотиврешенија и нова иднина

Мицкоски додаде дека поради скандалите и аферите кои секојдневно испливуваат на површина граѓаните се селат од Македонија и губат надеж.

Мицкоски: Има огромна количина на црнила, скандали и афери поради што луѓето се селат и губат мотиврешенија и нова иднина

Имам чувство, а и од тоа што го добивам како информација од граѓаните дека живееме во време на екстреми. Едниот екстрем е овие кои што се неспособни, ја урнаа државата ја засрамија, ја опљачкаа и за нив сме кажале сѐ, немам што да додадам. Го губат кредибилитетот меѓу граѓаните итн. И паѓаат на бројките и најверојатно ќе ги загубат изборите. Другиот екстрем се овие коишто преку насилство преку погрдни зборови сакаат да привлечат внимание и мислат дека на тој начин политички ќе се факторизираат. И сега кога нешто е нормално, кога е нешто питомо и кога има некоја визија и план како понатаму, луѓето со вчудоневидување го гледаат, со неверување и велат, зарем ова е возможно да се случи во Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата ,,Само Интервју” на Канал 5 телевизија говорејќи за актуелната состојба во која се наоѓа државата.

Мицкоски додаде дека поради скандалите и аферите кои секојдневно испливуваат на површина граѓаните се селат од Македонија и губат надеж.

„Пред некој ден зборував со еден пријател и вели, мојот пријател, добро ситуиран со добри примања и неговата сопруга и двете деца заминаа. Зошто? Вели, не можам да ги гледам повеќе ни телевизија ништо, само црнила, само лоши работи гледам. И навистина погледнете ги вестите, не зборувам само за Канал 5, туку за сите. Кога ние последен пат првите 5 вести ни биле овој странски инвеститор мултинационална компанија, ќе инвестира половина милијарда, овој џез, светски музичар ќе организира концерт во Скопје, овој спортист се закити на светското првенство со златна медала“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Нашите вести кои се? Краделе на Онкологија, 30 пациенти конечно ќе добијат Трикафта, политичките партии се препукуваат во Парламент, овие вака прават, овие така прават. И нормално е кога вие седите и гледате црнила си викате, дај да фатам ничкум од овде што подалеку тоа подобро“.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има за цел да ја смени ваквата негативна реалност и затоа во периодот што следи континуирано ќе излегува со конкретни понуди.

„Затоа сега излегуваме со понуди и континуирано во периодов што следи ќе излегуваме со понуди, за да покажеме дека тоа што е питомо, мирно нормално, може да биде новото нормално во Македонија. Затоа што нашето ново нормално стана сосема искривена“, подвлече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top