Македонија

Мицкоски: Армијата се модернизира со опрема од стратешките партнери САД

Мицкоски: Армијата се модернизира со опрема од стратешките партнери САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со министерот за одбрана,Владо Мисајловски и американската амбасадорка Анџела Агелер присуствуваа на изведување на вежба во штипската касарна, кадешто се презентираа и JLTV возилата.

Премиерот, во своето обраќање, се заблагодари на амбасадорката за целокупната поддршка којашто ја дава во процесот на модернизација на нашата Армија.

Влада на Република Северна Македонија

-Истовремено ќе ми дозволите да искажам најголема благодарност до припадниците на Македонските вооружени сили, овдека коишто беа денеска со нас и коишто навистина на еден инспиративен начин направија презентација на предизвиците коишто следат, но и на тоа што треба ние како Влада да направиме во периодот којшто следи да исти тие ги модернизираме и да овозможиме услови за современа Армија која што ќе одговори на предизвиците за новото време.

Влада на Република Северна Македонија

А, сега ќе кажам зошто е за мене посебен овој ден, бидејќи се вратив некако 20 и повеќе години наназад кога како полков исто пешадија, само тогаш во првата гардиска чета се возевме во едни не вакви современи возила, туку во многу поедноставни возила и тогаш се обучувавме доколку тоа е потребно го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина. Сега некако 20 и повеќе години наназад ми се вратија тие сеќавања и таа меморија од тоа време, убаво е човек кога се присетува на нешто од коешто влече убави спомени во минатото, истакна Мицкоски.

Потенцираше дека во периодот којшто следи партнерството со САД продолжува во делот на соработката меѓу двете Армии.

Влада на Република Северна Македонија

-Ќе го надградиме, не само во Министерството за одбрана ќе се обидеме тоа да го пресликаме и во другите министерства како што е МВР, онаму каде што е потребна современа опрема за да можеме да одговориме на предизвиците на новото време, и тие предизвици не мора да се само воени. Гледате што се случува поради екстремно високите температури ова лето и пожарите коишто секојдневно се случуваат. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам и на сите оние луѓе коишто учествуваат во гаснењето на тие пожари, но истовремено знам дека голем дел од припадниците на Армијата се вклучени во борба со огнената стихија и припадниците на Министерството за внатрешни работи исто тука.

Но, и голем број на македонски граѓани коишто доброволно се вклучија во борбата со огнената стихија и потребна ни е модернизација во тој дел, делот кој управува со кризите и кризните состојби, но мислам дека најитно ни се потребни современи модерни летала, авиони или хеликоптери коишто ќе бидат во функција на МВР, знам дека МО веќе е во фаза на еден таков процес за набавка на такви воени летала и хеликоптери, но и на оние луѓе коишто го управуваат кризниот менаџмент и коишто се справуваат со ваков тип на предизвици, посочи премиерот.

Влада на Република Северна Македонија

Тој додаде дека потребни се таков тип на алатки и летала за да можеме уште побрзо и уште поекспедитивно да се справуваме со пожарите. Како и дронови, за рано детектирање и превенција за да не дојде потоа до ескалација, а таа ескалација може да доведе до несогледливи последици.

Мицкоски очекува во периодот којшто следи како Влада да се фокусираат и на овој тип на осовременување и модернизација, да не биде тоа само за офанзивни и одбранбени причини, туку да биде и за транспорт, справување со кризни состојби како оваа со пожарите.

To top