Македонија општина Сопиште

Мицевски: Заедно со вас ќе имаме шанса да ја обликуваме нашата општина по мерка за секој еден граѓанин

Тој истакна дека општината ја знае до последната клетка.

Мицевски: Заедно со вас ќе имаме шанса да ја обликуваме нашата општина по мерка за секој еден граѓанин

Кандидатот за градоначалник на општина Сопиште од редовите на владејачката партија, Јане Мицевски се обрати на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општината.

-Општина Сопшите одамна го фати текот на развој во модерна приградска општина. Одамна не сме селска општина, туку по раст и развој навистина личиме на пригратска општина со прекрасни населби. Интересот за живеење надвор од градскиот метеж е само показател плус дека ние сме прималива и сериозна општина која се развива изминативе години. Во општинското работење сум вклучен долги години заедно со Стевче, претходно како советник, па претседател на совет и ред други ангажмани, рече Мицевски.

Тој истакна дека општината ја знае до последната клетка.

Визијата за развој на општина Сопиште со сите населени места мора да се планира децениски однапред.Еден циклус завршува, а друг почнува. Јас заедно со вас ќе ја имаме таа шанса да ја обликуваме нашата општина по мерка за секој еден граѓанин, рече Мицевски.

Тој истакна дека заедно со неговиот тим, програмата со проекти соодветна за општина Сопиште е веќе подготвена, и дека инфраструктурата, спортот, образованието и безбедноста ќе бидат области на кои активно ќе се работи како и решавањето на проблемот за ненавремениот автобуски превоз.

„Резултатите се неминовни кога се работи за структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Заедно со мојот тим, заедно со веќе отпочнатиот тек на проекти во изминатиот мандат, како и заедно со експерти, но и со вас граѓаните подготвивме програма со проекти кои се складни за општина Сопиште да се издигне на едно повисоко ниво. Инфраструктура, спорт, образование, безбедност, транспорт, , култура, се областите каде што активно ќе работиме. Решавање со ненавремениот автобуски превоз, ставање во ред, да не мораат граѓаните да бидат исплашени дали ќе стигнат на работа или не“, рече Мицевски.

Мицевски исто така наброи дел од проектите на изборната програма.

„Настрана од основните потреби, ние ќе реализираме и сериозни проекти. Изградба на нов резервоар за вода тука во населено место Сопиште, доизградба и комплетирање на фекалната канализација во населено место Ракотинци, изградба на првата фаза фекална канализација вклучувајќи и пречестителна станица во населено место Добри Дол, целосна реконструкција на спортскиот терен во населено место Долно Соње, реконструкција на ул.1 во населено место Света Петка, изградба на нови простории во подрачното училиште во Држилово како и изградба на комплетно нов спортски терен, реконструкција на мостот што ги поврзува Долно Соње со Чифлик, реконструкција на ул.1 во населено место нова Брезница, нови детски катчиња , нов парк во населено место Сопиште се само дел од проектите кои се обврзуваме да ги реализираме наредните четири години“, истакна Мицевски.

На крај Мицевски истакна дека крупните проекти кои не се во рамките на општинскиот буџет ќе бидат поддржани од Владата и истите ќе бидат реализирани.

„Јас не можам, а да не ја споменам и поддршката која ни следи безрезервно од Претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски. Крупните и сериозни проекти кои не се во рамките на општинскиот буџет ќе бидат поддржани од Владата и полека, но сигурно ќе се реализираат за да се решат децениски проекти. Сопиште може и мора да стане ултрамодерна општина која ќе нуди исклучително добри услови за живот“, дециден е Мицевски.

To top