Со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски ја доби довербата да биде кандидат за Градоначалник на општина Сопиште.
-Во изминатите години, со посветеност се вложуваше труд за да се гради посилна, поурбана и поубава општина.
Голема благодарност упатувам и до досегашниот Градоначалник и неговиот тим кој остави силна основа врз која сите заедно ќе продолжиме да градиме.
Свесен сум дека пред нас стои голема задача – да продолжиме да ја развиваме општината, да ја направиме уште поубаво место за живеење, каде секое семејство ќе чувствува сигурност и перспектива. На овие локални избори, со јасна визија, конкретна програма и со искрена желба, ќе ја побарам вашата доверба.
Сопиште е наш заеднички дом. Верувам дека заедно, обединети, ќе обезбедиме силна победа за нашето Сопиште и ќе ја испишеме новата страница на развој и напредок. Продолжуваме за уште поубаво и посилно Сопиште, објави Мицевски.