Денес на пленарната седница во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски наведе дека бесмислено е барањето од опозицијата да се намали данокот за додадена вредност (ДДВ), а притоа тотално да забораваат дека тие истите го зголемиле данокот додека биле на власт со тоа што нивните предлози не кореспондираат со реалноста.
-По однос на вториот закон односно законот за данокот на додадена вредност за кој што, исто така, од 120 пратеници доби поддршка од девет пратеници, што значи ја нема поддршката и од другите опозициони партии. И морам да констатирам дека граѓаните во државата не се со кратко памтење, имено владата на СДС и ДУИ бараат намалување на данокот на додадена вредност на основните прехранбени призводи од 5 на 0%, заборавајќи, или сакајќи да заборават, и тие и граѓаните дека го зголемија данокот додека беа на власт за 5% на овие прехранбени производи, убедувајќи не дека не треба да јадеме чипс затоа што не е добар за здравјето, рече Мицевски.
Тој исто така истакна дека пратениците од опозицијата имаат несериозен однос кон граѓаните со нивната намера да ги убедат во тоа што го кажуваат, притоа заборавајќи дека се памети се што се случувало додека биле на власт и дека во целост се знае која е нивната намера, па додаде дека законите кои што ги предлагаат немаат поддршка затоа што се популистички.
-Затоа колеги и пратеници немајќи конзистентност во политиката, пратеничките групи на владејачкото мнозинство не ви даваат поддршка, затоа што законите кои што ги предлагате се популистички а поддршката од девет, односно 13 пратеници вкупно на овие закони ја покажува и самата интенција на вас, а тоа е додворување на гласачите кои што ве казнија пред само неколку месеци, вели Мицевски.