Во експлозија што се случи вчера во изнајмен стан на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација, објави Блиц.
Се уште се чека официјална потврда на идентитетот, но сите полициски служби, Безбедносно-информативната агенција и Вишото јавно обвинителство во Белград се ангажирани во решавањето на тој случај.
Експлозијата беше на третиот кат од зграда во таа улица во Белград. Првичните информации беа дека експлодирала плинска боца.
Засега нема официјално соопштение од полицијата.