Креаторите на неказнивоста, тогашниот премиер, претседател на владата Зоран Заев, неговиоот коалиционен партнер Али Ахмети, заменикот после Заев што дојде – Ковачевски. Тоа се креатори на неказнивоста, и сега тие креатори на неказнивост реагираат на тоа кога државата ја врши функцијата на примена на законите и на барање на одговорност спрема сторителите кои што ги повредиле и прекршиле законите и подзаконските норми, изјави во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија поранешниот министер за правда и јавен овинител Михајло Маневски.
Небулозно е да се повикува дека се гонеле само поранешни функциоонери во владата и дека тоа имало некоја национална боја, вели Маневски.
-Значи да се повикува денес, во ваква ситуација, кога имаме за жал толку големи штетни последици, кога има толкав број на починати претежно млади луѓе, кога има огромен број на повредени да се повикува дека се гонеле само поранешни функциоонери во владата, а немало никој од сегашните. Според мене е небулозно дека тоа имало некоја национална боја, дека била во прашање на примена на одредени казнени мерки према припадници на албанбската заедница. Илузорно е тоа да се коментира, тоа е трагедија да се постави како прашање, а камо ли некој да може да поверува во такво нешто, појасни Маневски во емисијата со новинарот Љупчо Цветановски.
Маневски е дециден дека во случајот не се врши никаква селекција на одговорност.
-Овдека не станува никаков збор за тоа дека се врши некаква селекција на одговорност. Во конкретниот случај не се врши никаква селекција на одговорност. Се врши селекција према тие кои го почитувале или не го почитувале законот, дециден е поранешниот министер за правда Михајло Маневски.
Целото гостување на Маневски погледнетего во продолжение: