Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС го партизираше секој порив во општеството, па дури и судството и обвинителството

. Филипче не го послушал ни предлогот на еден од директорите во тетовската болница кој му понудил болните од ковид да бидат сместени во двата спрата слободни во болницата. Филипче ова го одбива, затоа што 30 милиони евра морале да бидат потрошени по секоја цена, а за модуларните болници според обвинителката Кадриу, не биле потрошени повеќе од 300.000 евра. Прашањето е каде завршиле останатите пари? – посочува тој.

Манасиевски: СДС го партизираше секој порив во општеството, па дури и судството и обвинителството

Пола Влада во затвор ќе отидеше затоа ме суспендираа, вака изјавува поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу за нејзината истрага за пожарот во модуларната болница.  За да бидат поставени модуларните болници, односно пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, Филипче и Заев наместо да ги подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ова се потврдува дека алчноста за повеќе пари на Филипче донесе наместо квалитетни панели со камена волна кои не горат и до 40 минути, тој ставил рециклирани панели со пур пена, а згора на се, немало ниту елаборат за електрична енергија, а со тоа немало ниту разводна табла, што довело до експлозија и пожар во болницата. Филипче не го послушал ни предлогот на еден од директорите во тетовската болница кој му понудил болните од ковид да бидат сместени во двата спрата слободни во болницата. Филипче ова го одбива, затоа што 30 милиони евра морале да бидат потрошени по секоја цена, а за модуларните болници според обвинителката Кадриу, не биле потрошени повеќе од 300.000 евра. Прашањето е каде завршиле останатите пари? – посочува тој.

Манасиевски потенцира дека дополнително, уште полошо во целата ситуација, било тоа што, објектот модуларна болница, бил поставен директно над резервоар на бензиска пумпа.

-Што значи дека, ова можело да доведе и до поголема експлозија и повеќе човечки жртви. Крајот на поранешната обвинителка Кадриу, дошол во моментот кога таа побарала градежно вештачење за модуларната болница. Од кога го побарала ова, таа била суспендирана и тука завршила нејзината кариера. Таа во своето интервју вели дека била суспендирана затоа што ако го истражела случајот пола влада ќе завршела во затвор. Ете почитувани, како СДС владееше со државата. Притисоци, уцени и закани кон обвинители, судии за одредени предмети и судски постапки. СДС го партизираше секој порив во општеството, па дури и судството и обвинителството. Ова зло кое се случи на Македонија, не смее да биде повеќе на политичката сцена, рече тој.

Најнови вести од Македонија

To top