Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:
„За добивање златна виза во Дубаи потребна е минимум инвестиција од 500.000 долари, недвижност или бизнис. Оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500.000 долари, поради недвижност или бизнис?
Венко Филипче досега не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за добивање на златна виза. Наместо молк, потребни се факти и документи.
Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој изјави дека ја видел 42-катницата изградена од Заев, посочи и дека ги видел становите на Заев и Филипче во Дубаи. На овие сведоштва Филипче повторно не даде конкретен одговор.
Дополнително, Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека тој не му бил партнер во градбата. Токму затоа се наметнува прашањето, како Филипче дошол до златна виза за Дубаи?
Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои ја добил златната виза за Дубаи. Доколку навистина бил ангажиран во Дубаи, договарал работа во некоја болница или кој било друг професионален ангажман, нема да му биде проблем тоа да го потврди со документи.
Но, Филипче не покажува документи, иако вети, затоа што, ги нема.
Филипче продолжува по стапките на менторот Заев, како на приватен, така и на партиски план. Одговорност мора да има!“