Македонија

МАН: За Ковачевски и Заев – новинарите се: продадени, суетни, пропагандисти… Што очекуваат од нив по ова?

МАН: За Ковачевски и Заев – новинарите се: продадени, суетни, пропагандисти… Што очекуваат од нив по ова?

Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагира на заканите, непрофесионалниот и понижувачки однос од премиерот Димитар Ковачевски кон новинарите од Телма ТВ.

– Незаконски (клевета, навреда и понижување) и спротивно на сите професионални стандарди, морал и етика е односот на премиерот Ковачевски кон сите новинари и медиуми, а во случајов јавно ги понижува новинарите од Телма ТВ со квалификација дека се продале.

Димитар Ковачевски е познат по постојани закани, навреди, омаловажувања и притисоци врз новинарите и медиумите, исто како и неговиот претходник Зоран Заев.

Освен на Телма, и се закануваше и на МРТ, Алфа ТВ, Канал 5, од собраниска говорница повика на правосуден линч против новинарот Драган Павловиќ Латас, а да не заборавиме дека оваа власт е лидер по нарачаните истраги, процеси и прогони против професионалните медиуми и новинари.

Оваа власт ќе остане запаметена како најрепресивната против слободата на медиумите и слободата на говорот.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ќе ја извести Светската федерација на новинари за сите закани, притисоци, навреди, клевети и понижувања од власта предводена од Димитар Ковачевски и претходно од Зоран Заев, соопшти организацијата.

Најнови вести од Македонија

To top