Сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола и Прилеп.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.