Македонија ЦУК

Локализиран шумскиот пожар меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје

На терен се уште се осум пожарникари со три возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино и четворица вработени од Подрачната единица на јавното претпријатие „Национални шуми“, информираа од ЦУК.

Локализиран шумскиот пожар меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје

Шумскиот пожар меѓу селата Барово и Бесвица во општина Демир Капија и селото Вешје во општина Неготино е локализиран, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

На терен се уште се осум пожарникари со три возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино и четворица вработени од Подрачната единица на јавното претпријатие „Национални шуми“.

Пожарот избувна вчера попладне околу 16 часот. Опожарена е нискостеблеста деградирана шума и дел од борова шума.

Најнови вести од Македонија

To top