Венко Филипче, неврохирургот и потрчко на Заев се гордее со Зоран Заев и не планира да се откаже од него, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче наместо да покаже дека е автентичен, се забетонира себе си на дното, изразувајќи му лојалност на Зоран Заев, човекот кој ги направи сите предавства и под чија капа беа сите криминали.
Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови за Бугарија, за Македонскиот народ и јазик. Во СДС не се сменило ништо, тоа е истата антидржавна партија на Заев.
Партија со државнички позиции и Зоран Заев не одат во иста реченица, затоа повеќе од јасно е дека Венко Филипче го избра Заев, а ја закопа СДС.
Жално е како Венко Филипче не гледа дека токму Зоран Заев е причината заради која СДС е распарчена и дека токму тој е причината за предавствата на Македонија и криминалот кој царуваше 7 години.
Со Венко Филипче ништо ново не му се пишува на СДС, повторно истата приказна која народот добро ја знае, рече Лефков.