СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници, истакна на денешната прес коференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
7 години СДС и ДУИ ја потонаа државата во криминал и корупција, судството има доверба од 2%, а устите им беа полни со ЕУ.
Од ЕУ со СДС и ДУИ Македонија не виде ништо.
Од насмеаниот Заев од владиниот авион со лажниот датум, до денес, Македонија само назадува и има нови кочници.
Партијата која зборуваше дека ги затворила сите прашања со соседите, наеднаш го создаде најголемото.
СДС свесно ја блокираше Македонија, иако беа предупредувани да не го прават тоа.
СДС и ДУИ без консензус прифатија обврски кои сега се пречка и допрва треба да се надминуваат.
СДС и ДУИ владееја себично, гледајќи ги само своите тесно партиски интереси, без да ги земат во предвид чувствата и потребите на граѓаните.
СДС и ДУИ беа временска непогода за Македонија. Неспособноста заврши со нив. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на придвижување на Македонија напред, на засилен раст и развој.