СДС и нивниот прв човек, Венко Филипче во времето кога беа власт, кога стануваше збор за ДУИ и посебно за Артан Груби, глумеа дека ништо не знаат за криминалот на партнерите. Демек ниту виделе, ниту слушнале, а знаеја сите што прави конкретно Груби, посочува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
-СДС и Филипче сега влегоа во филм да зборуваат ДУИ не чини или само декларативно се оградуваат од нив. На СДС и Филипче треба да им е јасно дека тоа не е доволно. СДС и Филипче за почеток треба да излезат на прес-конференција и да им се извинат на граѓаните што дозволиле ДУИ и Груби да ги крадат народните пари. Филипче како прв човек на СДС треба да признае дека додека бил функционер во владата на СДС и ДУИ истата ги дозволувала криминалните активности на ДУИ. Токму поради ова Филипче треба да помогне на правосудните органи во докажување на криминалот, бидејќи се претпоставува дека се минимум правно писмени и треба да знаат дека доколку не ги споделат информациите може да се сметаат и за соучесници, рече Лефков.
„Значи Филипче и СДС прво треба јавно да се извинат, да се оградат и да помогнат на правосудните органи во докажувањето на криминалните активности на ДУИ во период кога беа коалициски партнери. Доколку не го сторат тоа, СДС ќе остане уценувана партија, партија со личности на кои им се важни само личните и партиските интереси“ – истакна Лефков.