Македонија СЈО беше создадено надвор од устав

Латас: Владата владее со обвинителството и судството затоа што тие како институции се закана за нивната корупција

Латас прашува и во која држава влада протестира пред суд и кажува како да се суди, како што Заев им порача да судат како што треба за да не им се јавува по телефон?

Латас: Владата владее со обвинителството и судството затоа што тие како институции се закана за нивната корупција

Ние сега имаме институции кои не постојат според перцепцијата на јавност, не дали се добри или лоши. Ако имате обвинителство кое има 2-3 проценти доверба, а јавниот обвинител вика дека му завршува мандатот и работел добро. Јовески ќе отиде во историја како јавен обвинител со најнизок рејтинг на институцијата која ја води. Никогаш досега овие институции кои се база на борба против корупција немале толку ниска доверба, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, новинарот Драган Павловиќ Латас.

Латас истакна дека институциите се уништени затоа што партиите на власт ја создаваат копрупцијата, дозволуваат да се шири, ги корумпираа судството, полицијата и обвинителството, затоа што тие се закана за нивната корупција.

– Перцепцијата на јавноста е важна, затоа што таа јавност те плаќа за да работиш како што треба. Кого убедуваш дека си добар кога 3% ти веруваат? Колку се посилни полиција обвинителство и суд, толку корупцијата е помала. Само тој што носи одлуки влијае на граѓанинот. Не е само до институциите туку и до тие што ги водат и затоа што владата владее со судството, обвинителството. Затоа немаат авторитет, рече тој.

Латас прашува и во која држава влада протестира пред суд и кажува како да се суди, како што Заев им порача да судат како што треба за да не им се јавува по телефон?

Во однос на СЈО тој нагласи дека СЈО беше создадено како институт надвор од Устав, а единствен кој може да врши прогон според Устав е државното овинителство

– Со неуставна категорија почнаа на власт, како се користело гледаме, како заврши врвот на СЈО видовме, нивната функција беше прочитана. Се направи институција која гонеше само едни политички функционери, симпатизери, новинари бизнисмени кои се надвор од контрола на власта. СЈО нема обвинение против некој кој е на власт, потенцираше Латас.

Најнови вести од Македонија

To top