Македонија „наткаст' на курир.мк

Лабудовиќ: Граѓаните сакаат чиста и безбедна општина во која владее ред, центарци се желни за промени! (ВИДЕО)

Центарци се желни за промена и коментарот, дека нас ни треба чиста и безбедна општина, затоа што не глердаат ниту чиста, ниту безбедна општина, ниту пак гледаат општина во која владее ред, изјави во вчерашното гостување во „НАТКАСТ“ на Курир со новинарот Љупчо Цветановски кандидатот на ЗНАМ и на Коалицијата „Твоја Македонија“ Мирослав Лабудовиќ.

Лабудовиќ: Граѓаните сакаат чиста и безбедна општина во која владее ред, центарци се желни за промени! (ВИДЕО)

Центарци се желни за промена и коментарот, дека на нас ни треба чиста и безбедна општина, затоа што не гледаат ниту чиста, ниту безбедна општина, ниту пак гледаат општина во која владее ред, изјави во вчерашното гостување во „НАТКАСТ“ на Курир со новинарот Љупчо Цветановски кандидатот за градоначалник на општина Центар на ЗНАМ и на Коалицијата „Твоја Македонија“ Мирослав Лабудовиќ.

Центар е подготвен за прмени, имаме одличен прием од страна на граѓаните а тоа ни дава голем мотив и кураж вели Лабудовиќ.

-Имам многу убави разговори со граѓаните, на секој треба да му се укаже прилика да го каже своето мислење, имаме трпение како тим, со сите разговараме. Многу ми е драго што се пречекани со насмевка, тоа ни дава многу голем мотив и кураж и ветерот во грб е многу важен во овој не толку долг процес, меѓутоа процес каде што треба секоја куќа да се посети, а не се малку, секоја рака треба да се поздрави, со секого да се направи муабет, тоа се многу енергии и драго ми е што сета таа е позитивна енергија и ни дава сериозен ветер во грб, истакна кандидатот за градоначалник за оопштина Центар..

Лабудовиќ вели дека очекува победа затоа што според него расположението е такво и кај граѓаните, а тие сакаат промени.

-Според тоа што го следиме на терен, според тоа што го добиваме како фитбек очекувам победа и затоа сум влезен во оваа трка, првин да победам, а потоа да ги смениме работите што се случуваат во општината. Не би било да кажам дали тоа ќе биде на 19-ти или на 2-ри меѓутоа очекувам победа, бидејќи Центар е општина каде што буквално е интересна за следење од страна на јавноста заедно со уште една две општини, но на крајот очекувам победа, дециден е Лабудовиќ.

Целото гостување на Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на општина Центар погледнете го во продолжение:

To top