Македонија ГАК

КУРИР открива СКАНДАЛ на скопска Гинекологија: Акушерка пресекла прст на новороденче

Според нашите извори, на новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во клиниката.

КУРИР открива СКАНДАЛ на скопска Гинекологија: Акушерка пресекла прст на новороденче

Ужасен настан пред околу 10 дена се случил на скопската клиника за гинекологија и акушерство, дознава КУРИР.

Според нашите извори, на новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во клиниката.

КУРИР побара одговори од клиниката, од каде го потвдруваат овој немил настан и откриваат детали за истиот.

-На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата, велат од ГАК за КУРИР.

Акушерката беше суспендирана.

Како што информираат од клиниката, таа била дадена на Дисциплинска комисија.

-Ѝбеше изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, велат од ГАК за КУРИР.

КУРИР вчера испрати прашања и до Министерството за здравство, дали е запознаено со овој случај, но иако помина цел ден, од таму немаме добиено одговор.

Од добро упатени извори, КУРИР поседува информации и за други трагедии и скандали кои се случиле на ГАК, но по детално истражување, за нив ќе објавиме во периодот кој следува.

Најнови вести од Македонија

To top