Македонија вратени девет незаконски амбасадори

Курир дознава: Амбасадорите Жерновски, Рамчиловиќ, Руси и шестмина други отповикани од МНР

Според информациите на КУРИР, отповикани се поради неисполнетост на членот 39 од Законот за надворешни работи, бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори.

Курир дознава: Амбасадорите Жерновски, Рамчиловиќ, Руси и шестмина други отповикани од МНР

Вчера со одлука на МНР се отповикани девет амбасадори, дознава КУРИР од извори во министерството за надворешни работи. Се работи за следните, веќе екс амбасадори:

  1. Мето Белески, Брисел, Кралство Белгија
  2. Катерина Ставревска, Лондон, ВБ
  3. Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица
  4. Пајо Авировиќ, ОБСЕ
  5. Емил Крстевски, Прага
  6. Јакуп Реџепи, Сараево
  7. Агнеза Руси, Софија
  8. Џенк Сејфула, Стокхолм, Кралство Шведска
  9. Андреј Жерновски, Букурешт, Романија

Според информации на КУРИР, отповикани се поради неисполнетост на членот 39 од Законот за надворешни работи, бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори.

Најнови вести од Македонија

To top