Македонија член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Ковачки: СДС тотално ја уништи Крива Паланка, тоа ќе се промени на 24 април и 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ предвидува 10 милиони евра за општината за подостоинствен живот

-Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај.

Ковачки: СДС тотално ја уништи Крива Паланка, тоа ќе се промени на 24 април и 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ предвидува 10 милиони евра за општината за подостоинствен живот

Промените доаѓаат и во Крива Паланка. Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом Боро Менков, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

-Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај.

Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка.

Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, додава Ковачки.

Најнови вести од Македонија

To top