Македонија

Ковачки до Османи: Ако за луѓето се работи, што направи ти за Македонците во Бугарија како претседавач на ОБСЕ?

Ковачки до Османи: Ако за луѓето се работи, што направи ти за Македонците во Бугарија како претседавач на ОБСЕ?

Во каква лажна држава живееме со лажни ликови што ги водат клучните ресори во државата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Погледнете го Бујар Османи, поштенска марка издал за претседавањето со ОБСЕ (двојазична, односно тројазична), со логото “За луѓето се работи”. Ако се работи за луѓето, нека каже Бујар Османи што тој како претседавач на ОБСЕ направи за луѓето – Македонци во Бугарија? Сите ќе речат дека не направил ништо, но не е така. Бујар Османи како македонски министер СЕ ОТКАЖА од Македонците во Бугарија и ги продаде за без пари, затоа што не му значат ништо.

*Додека премиерот се забавува во Белград, граѓаните му ги плаќаат 3 пати поскапите рент-а-кар возила на Бујар и ја плаќаат кампањата на ДУИ преку фирмата донатор која ќе си лапне милионски суми за да ја преуредела салата Борис Трајковски за потребите на Бујар.

Значи не се работи за луѓето, туку се работи за парите и личната промоција на лекарот што станал Министер за надворешни на државата на која и го сменија името и ја пљачкаат бездушно секојдневно, објави Ковачки на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top