Македонија

Ковачевски: За случајот со Дрин Ахмети се постапува како и за секој друг граѓанин

Ковачевски: За случајот со Дрин Ахмети се постапува како и за секој друг граѓанин

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека случајот со заплената на поголема количина пиротехнички средства во возлилото на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, е процесуиран во Обвинителството како и за секој граѓанин.

-Мојот став е таков како што е и од институциите дека се работи за регуларна проверка во која што било идентификувано лице кое што внесувало пиротехнички средства. Целиот случај потоа е предаден на Обвинителство како и за секој друг граѓанин, рече Ковачевски на новинарско прашање во однос на наводни шпекулации дека политиката замешала прсти во случајот со Дрин Ахмети, по презентацијата во ТИРЗ на првата странска инвестиција за 2024 година.

На 30 декември, во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас. При преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Од Основното јавно обвинителство Скопје во врска со пронајдените пиротехнички средства, соопштија дека ќе одлучуваат откако ќе се направи нивно вештачење. За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител, посочуваат, ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пронајдените пиротехнички средства во возилото на Д.А. од Зајас на првиот ден од новата 2024 година, изјави дека се преземени сите потребни активности од полициски аспект и оти понатаму Јавното обвинителство треба да оцени како ќе постапува со овој случај.

Најнови вести од Македонија

To top